Линкови за пристапност

Бројот на луѓе во светот ќе биде 7,9 милијарди за Нова година


Во текот на јануари 2023 година, во светот се очекуваат 4,3 раѓања и два смртни случаи секоја секунда, соопшти Бирото за попис на САД
Во текот на јануари 2023 година, во светот се очекуваат 4,3 раѓања и два смртни случаи секоја секунда, соопшти Бирото за попис на САД

Се предвидува дека светската популација ќе биде 7,9 милијарди луѓе на Нова година 2023 година, со 73,7 милиони што беа додадени од Новата година 2022, објави Бирото за попис на САД.

Тоа означува зголемување од 0,9 проценти на светската популација во текот на минатата година. Во текот на јануари 2023 година, во светот се очекуваат 4,3 раѓања и два смртни случаи секоја секунда, соопшти Бирото за попис.

Популацијата на САД на Нова година 2023 година се предвидува да биде 334,2 милиони луѓе, со додадени 1,5 милиони луѓе од Новата година 2022 година, или зголемување за нешто помалку од половина процент.

Се предвидува дека САД ќе имаат раѓање на секои девет секунди и смрт на секои 10 секунди во јануари 2023 година.

Нето меѓународната миграција се очекува да додаде по едно лице кон населението на САД на секои 32 секунди. Комбинацијата на раѓања, смртни случаи и нето меѓународна миграција ја зголемува популацијата на САД за еден човек на секои 27 секунди, според Бирото за попис.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG