Линкови за пристапност

Најмалку 32 мртви во снежната бура во САД


Повеќе од 200.000 луѓе низ неколку источни сојузни држави се разбудија без струја на Божиќ, велат официјалните лица
Повеќе од 200.000 луѓе низ неколку источни сојузни држави се разбудија без струја на Божиќ, велат официјалните лица

Интензивен снег и студ зафатија милиони Американци во источниот дел на САД, при што смртните случаи поврзани со временските услови се искачија на најмалку 32 во девет сојузни држави, од кои најмалку 13 во округот Ири, Бафало, а официјалните лица предупредуваат дека бројот веројатно ќе се зголеми.

Во Бафало, во западниот дел на Њујорк, снежната бура донесе 2,4 метри снег и го остави градот во мрак, а службите за итни случаи не можеа да стигнат до најтешко погодените области.

„Тоа е како да одите во воена зона“, рече гувернерката на Њујорк Кејти Хочал.

Хочал им рече на новинарите вчера дека жителите сè уште се во состојба на „многу опасна по живот ситуација“, и ги предупреди сите во областа да останат внатре.

Повеќе од 200.000 луѓе низ неколку источни сојузни држави се разбудија без струја на Божиќ наутро, а на многу други им пропаднаа плановите за патување, иако петдневната бура покажа знаци на смирување.

Екстремните временски услови викендов предизвикаа студени температури под нулата во 48 сојузни држави, заглавени патници, илјадници откажани летови и заглавени граѓани во домови покриени со мраз и снег.

Извор: Агенција Франс-прес

XS
SM
MD
LG