Линкови за пристапност

Бајден и првата дама Џил ќе им читаат книга на болни деца пред Божиќ


Од ланската посета на Детската национална болница во Вашингтон
Од ланската посета на Детската национална болница во Вашингтон

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден денес ќе ја посетат Детската национална болница во Вашингтон за да се сретнат со пациентите, нивните семејства и болничкиот персонал, соопшти Белата куќа.

Првите дами историски ја посетуваат болницата околу Божиќ, традиција која датира од времето на првата дама Бес Труман за време на претседателството на Хари Труман по Втората светска војна.

Минатата година, Бајден беше прв претседател што ја посетил детската болница додека бил на функција за време на Божиќ.

Претседателот и првата дама ќе им ја читаат на децата читаат книгата „Снежниот ден“. Оваа година се одбележуваат 60 години од објавувањето на оваа книга.

Тие, исто така, ќе ги посетат децата и семејствата на одделот за срце, соопшти Белата куќа.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG