Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден денес ја посетија Националната детска болница за да поминат време со децата кои не се чувствувале доволно добро за да бидат дома за Божиќ.
Америка има долга традиција кога првите дами ја посетуваат оваа болница за празниците, но, посетата на Џо Бајден беше изненадување. Ова е првпат пртседател за време на функцијата да се приклучи на оваа традиција, соопшти Белата куќа.
Претседателот и првата дама им помогнаа на децата во изработка на фенери, како дел од зимскиот проект.
Џил Бајден, исто така, им читаше приказна на децата под божиќна елка. Видео од првата дама како чита ќе се пушта во сите доби во детската болница.
„Волт Дизни“ обезбеди примероци од книгата за секое дете, рече Белата куќа.
Годишната традиција за посета на детската болница од првите дами датира од времето на Бес Труман во периодот од 1945 до 1953 година.
Извор: АП
Facebook Forum