Линкови за пристапност

САД ги повикуваат другите држави да ги поддржат протестите во Иран


Политиката на САД е секогаш да застанат на страната на оние кои мирно ги практикуваат своите права, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс
Политиката на САД е секогаш да застанат на страната на оние кои мирно ги практикуваат своите права, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека САД ги охрабруваат другите земји „да застанат со оние храбри демонстранти во Иран кои изразуваат права што се универзални за нив како што се за луѓето ширум светот“.

Запрашан од новинарите за време на брифингот за поддршка на пристапот до бесплатен интернет во Иран, Прајс рече дека САД и европските партнери презеле чекори за олеснување на комуникациите во и надвор од Иран, вклучително и дозволување на технолошките компании да испраќаат опрема во Иран, без страв за прекршување на санкциите.

Иран ги ограничи интернет услугите како дел од својот одговор на протестите ширум земјата по смртта во полициски притвор на 22-годишната Махса Амини. Таа беше приведена поради кршење на строгиот кодекс на облекување во земјата, а протестите вклучија и пошироки повици за реформи во Иран.

„Политиката на САД е секогаш да застанат на страната на оние кои мирно ги практикуваат своите права“, им рече Прајс на новинарите.

„Тоа го правиме овде. Ги охрабривме земјите ширум светот да го сторат истото и ќе работиме со земјите ширум светот да го сторат истото“.

XS
SM
MD
LG