Линкови за пристапност

Зимата ги парализира копнените операции во Украина


Временските услови имаат огромно влијание во моментот. Воздушните операции односно коритењето на авијацијата од двете страни во конфликтот е сведено на минимум. Следува период во кој во војната ќе бидат доминантни артилериски и ракетни напади, но и нападите со беспилотни летала и дронови. Енергетската мрежа на Украина иако сериозно оштетена нема да биде уништена, покажуваат сценаријата изработени од стратезите на Алијансата чија помош во материјали и опрема како генератори, трансформатори и гориво ќе продолжи

СКОПЈЕ - Украинската војска во моментов е во офанзива а руската армија во дефанзива и се подготвува за евентуални пробиви на линијата на фронот па затоа се поставуваат одбрамбени линии дури и до 60 километри во длабочина од местото на воените дејства. Суровите временски услови во зима имаат сериозно влијание врз копнените дејства па затоа фокусот во наредните два до три месеци ќе се префрли на артилериските и ракетните напади за да се парализира и оневозможи било каков напредок на двете страни во конфликтот.

„Русија ќе продолжи со напади врз критичната инфраструктура. Ова е војна на исцрпување. Русија ја напаѓа вољата на Украинците да се борат и да се предадат но тоа нема да се случи. Нападите на енергетската мрежа, центрите за мобилизација и центрите за опремување и организирање на одбраната ќе продолжат“, брифираат високи преставници на НАТО за Гласот на Америка на македонски јазик.

Во моментов клучно е да се одржи енергетската мрежа која е под константи ракетни, артилериски напади и напади од беспилотни летала. Рестрикциите на електрична енергија во Украина се секојдневие и претставуваат сериозен проблем за населението и армијата.

„Од она што може да го видиме на терен тие имаат одлични резултати во санација на штетите на мрежите за снабдување со струја и вода. Станува збор за системи од советско време со резервни делови кои ги имаат само неколку држави и до кои е навистина тешко да се дојде. Затоа техничката помош од Алијансата - генератори, гориво и блокатори на дронови е клучна во овој момент. Пораката е јасна, помошта во сивилна опрема и материјали за партнерот Украина ќе продолжи се додека е потребно“, децидни се нашите соговорници.

Кога станува збор за операциите на копно, стратезите од Алијансата предвидуваат дека тие постепено ќе запрат поради суровата зима и немањето можност за снабдување и логистика. Овој период би требало да трае барем до март.

Во моментот најголемите судири се водат кај Лисичанск и градот Бахмут, кој нема исклучително стратешко значење како Хершон. Украинските сили се длабоко вкопани во одбрамбените позиции кои ги држат со месеци. Силите на приватната армија „Вагнер“ се нивните опоненти а располагаат со далеку подобра опрема и оружје отколку регуларната руска армија.

„Целта на „Вагнер“ е да го завземе градот. Тоа повеќе има ефект врз моралот отколку врз она што се случува на терен. Нашите информации се дека нивните позиции ќе бидат засилени со трупите на руската армија кои се повлекоа од Хершон. Групата „Вагнер“ е далеку поопасна од регуларната армија бидејќи има напредна опрема и исклучително голем фонд на средства но во изминатите неколку месеци претрпеа сериозни загуби во луѓе поради што мобилизираат осуденици кои се далеку под квалитетот од персоналот со кој располагаше оваа единица на почетокот од воените дејства“, тврди висок преставник на НАТО за Гласот на Америка на македонски јазик кој додава дека санкциите и загубите во луѓе се клучната пречка за посериозна руска офанзива барем до месец март.

Нападот на Украина ја покажа и предноста во воените доктрини на двете земји. Украинската армија го прифати концептот на Алијансата за помали борберни групи во независна команда и во изминатите неколу години го обучуваше својот кадар на овој начин. Командниот кадар на воена единица која е задолжена за обрана или освојување на град село или позција сам ги носи одлуките, плановите и стратегиите сосгласно условите на терен за разлика од руската доктрина каде таа наредба мора да дојде од највисокиот воен врв кој често има погрешна слика и информации за состојбата на теренот. Токму затоа новоименуваниот командант на руските воени сили геералот Сергеј Суровикин јавно кажа дека е потребна нова тактика за да се смени нешто во се понеуспешната воења кампања во Украина.

„Клучната грешна на Кремлин беше што ја потцени украинската армиија, нивната обученост и вољата да се спротивстват. Украинската татктика е со проактивни воени групи чии чекори и стратегија е тешко да ги предвидиш “, сметаат стратезите на Алијансата.

За воените злосторства извршени врз цивили во Украина, ракетирањето на болници, училишта, градинки и цивилни цели Алијансата располага со информации, но нивни тимови не се на терен и нема да уествуваат во расветлување и откривање на сторителите.

Месеци пред нападот на Украина Алијансата направи преседан и декласифицираше мноштво од оперативните информации за да ја предупредат светската јавност за она што следи.

„Со месеци следевме како Кремлин трупа воени сили на границата со Украина, поставува полски болници и носи залихи со единици крв. Моравме да ги декласифицираме овие информации што е преседан“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик висок воен претставник на Алијансата.

Целта на пропагандата на Русија дека НАТО ќе дојде до границите е исто така неуспешна. Русија со декади се граничи со Алијансата а сега и Шведска и Финска побараа прием во НАТО.

„Путин сакаше помало присуство на НАТО, сега ги има Шведска и Финска. Сакаше силна Русија и силна армија сега има деморализирана војска и разочарани граѓани“, тврдат нашите соговорници.

Додека операциите на терен продолжуваат со намален интензитет, материјалната и техничка поддршка на Алијансата продолжува со несмалено темпо како и билатералната воена помош од десетици држави во светот.

XS
SM
MD
LG