Линкови за пристапност

Клучни републикански конгресмени најавија дека ќе ја продолжат поддршката за Украина


Тие рекоа дека сепак ќе има подетална контрола врз помошта пред да биде испратена до силите на Киев
Тие рекоа дека сепак ќе има подетална контрола врз помошта пред да биде испратена до силите на Киев

Новоизбраните американски републикански законодавци кои треба да преземат лидерски улоги во Претставничкиот дом во јануари, ветија дека Конгресот ќе продолжи воено да ја поддржува Украина во нејзината борба против Русија, но рекоа дека ќе има подетална контрола врз помошта пред да биде испратена до силите на Киев.

Конгресмените Мајкл Мекол од Тексас и Мајк Тарнер од Охајо изјавија за Еј-Би-Си дека ќе има континуирана двопартиска поддршка за Украина, иако се појави одредено противење од двете партии.

Тарнер, најверојатно новиот претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, рече: „Ќе се погрижиме да го добијат она што им треба. Ќе имаме двопартиска поддршка“.

Мекол, веројатен претседавач со Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, рече: „Ако им го дадеме она што им треба, тие ќе победат“.

Но, Мекол рече дека ќе има разлика во разгледувањето на помошта за Украина од демократската контрола на Претставничкиот дом, кога републиканците ќе ја преземат власта.

„Факт е дека ќе обезбедиме поголем надзор, транспарентност и одговорност“, рече тој. „Нема да пишуваме бланко чек“.

Дел од информациите во овој текст се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG