Линкови за пристапност

Нема мнозинство за уставни измени и бараме собранието да се распушти, вели Мицкоски


Лидерската средба за уставни измени не даде резултати
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Политичките лидери излегоа со истите позиции со кои влегоа на денешната средба во Собранието. Неколкучасовниот состанок не резултираше со заклучок или со видлив напредок за неколкуте клучни прашања кои беа отворени – она на мнозинството за уставни измени заради вклучување на Бугарите неопходни за пристапните преговори со ЕУ и она на опозицијата - за можноста за предвремени избори. Премиерот Ковачевски вели дека е добро што сепак се седнало на иста маса.

„Нормално е дека лидерите на политичките партии ги повторија своите ставови во однос на Уставот. Секој во демократската атмосфера ги кажа своите забелешки, немаше заклучоци. Најголемата придобивка е што сите седнавме на иста маса. Разговаравме за потребата на промена на Уставот и дебатата ќе продолжи во наредниот период“, вели Ковачевски.

Неговиот коалициски партнер – лидерот на ДУИ, потврди дека на средбата на површина излегле големите разлики во однос на прашањето на уставни измени.

„Приоритет се даде на уставните измени. Приоритет треба да се даде на актуелната, дадената ситуација и ќе градиме позиција за ова прашање“, вели Ахмети.

Лидерот на опозицијата повтори дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата нема да гласаат за уставни измени. Мицкоски пак побара предвремени избори и најави дека нема да учествува на слични средби на кои ќе се зборува за уставни измени.

„Единствената тема која денеска владата ја интересираше беа уставните измени под превезот на ЕУ интеграции. Впечатокот е дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени, и затоа ние побаравме собранието да се распушти и да се оди на избори. Констатиравме дека ова е задоцнета средба. Комично беше што на состанокот беше поделен некаков документ со заклучоци од средба за кој ние го одбивме“, вели Мицкоски.

На денешната средба од лидертите не присуствуваа првите луѓе на Беса, Билал Касами, и на Левица, Димитар Апасиев. Касами, измените на уставот ги условува со замена на формулацијата „јазик кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ во Уставот. Образложението на Апасиев беше дека Левица била тврд орев за да учествува на средба на која ќе се разговара за уставни измени.

XS
SM
MD
LG