Линкови за пристапност

Иднината на демократијата зависи од изборите, рече Бајден


Некои републикански законодавци велат дека загриженоста и реториката на Бајден се претерани и имаат цел да ја дефокусираат јавноста од неуспесите во политиката на неговата партија
Некои републикански законодавци велат дека загриженоста и реториката на Бајден се претерани и имаат цел да ја дефокусираат јавноста од неуспесите во политиката на неговата партија

Шест дена пред конгресните избори во САД, претседателот Џо Бајден со ново предупредување за заканите за демократијата во земјата, велејќи дека негирачите на изборите ја ставаат Америка на „пат на хаосот“.

„Постојат кандидати кои се кандидираат за секое ниво на функција во Америка, кои нема да се обврзат да ги прифатат резултатите од изборите на кои учествуваат“, рече Бајден во телевизиското обраќање вчеравечер.

Тој рече дека гласачите следната недела треба да прашаат дали кандидатите на нивните гласачки ливчиња ќе ги прифатат резултатите од нивните сопствени трки, независно дали ќе победат или ќе изгубат.

„Одговорот на тоа прашање е од витално значење и според мене треба да биде одлучувачки. И од одговорот на тоа прашање зависи иднината на земјата што толку многу ја сакаме и судбината на демократијата што ни овозможи толку многу“.

Во 21-минутниот говор, Бајден го критикуваше неговиот претходник Доналд Трамп, дека продолжил да дава лажни тврдења за украдените претседателски избори во 2020 година, велејќи дека тоа „го поттикна опасниот пораст на политичкото насилство и заплашувањето на гласачите во последните две години“.

„Сите ние кои го отфрламе политичкото насилство и заплашувањето на гласачите и верувам дека тоа е огромното мнозинство од американскиот народ, сите ние мора да се обединиме за да станеме апсолутно јасно дека насилството и заплашувањето немаат место во Америка“, рече Бајден.

Некои републикански законодавци велат дека загриженоста и реториката на Бајден се претерани и со цел да се оддалечи фокусот на јавноста од она што тие го нарекуваат неуспеси во политиката на Демократската партија.

„Претседателот Бајден се обидува да подели во време кога Америка треба да се обедини – затоа што не може да зборува за неговите политики што ги зголемија трошоците за живот. Американскиот народ тоа не го купува“, твитна лидерот на републиканците во Претставничкиот дом Кевин Мекарти, реагирајќи на говорот на Бајден.

Додека Бајден и другите во неговата партија ја ставија судбината на демократијата централен фокус на нивните завршни аргументи пред среднорочните мандати, конзервативците се фокусираа на состојбата на економијата.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асопиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG