Линкови за пристапност

Белата куќа: Иран и Русија се повеќе се зближуваат колку што стануваат поизолирани


 „Нашата порака до Иран е многу, многу јасна: престанете да го убивате вашиот народ и престанете да испраќате оружје во Русија за да ги убивате Украинците, рече Жан-Пјер.
„Нашата порака до Иран е многу, многу јасна: престанете да го убивате вашиот народ и престанете да испраќате оружје во Русија за да ги убивате Украинците, рече Жан-Пјер.

Порпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, истакна дека администрацијата на Бајден го поддржува народот на Иран и рече дека може да има соработка меѓу Иран и Русија во справувањето со иранските демонстранти.

„Ние стоиме со храбрите граѓани и храбрите жени на Иран кои во моментов демонстрираат за да ги обезбедат своите основни права“, рече Жан-Пјер за новинарите. Таа рече дека Соединетите Држави се „загрижени што Москва можеби го советува Техеран за најдобрите практики за управување со протестите, потпирајќи се на големото искуство на Русија во задушувањето на отворените демонстрации“. Жан-Пјер додаде дека доказите дека Иран и помага на Русија во војната во Украина се „јасни и јавни“.

Украина и нејзините западни партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, рекоа дека беспилотните летала користени од руските сили за напад на Украина во последните недели биле испорачани од Иран. Русија негираше дека користела ирански беспилотни летала, а Иран демантираше дека ги испорачува на Русија.

„Иран и Русија се повеќе се зближуваат колку што стануваат поизолирани“, рече Жан-Пјер. „Нашата порака до Иран е многу, многу јасна: престанете да го убивате вашиот народ и престанете да испраќате оружје во Русија за да ги убивате Украинците.

XS
SM
MD
LG