Линкови за пристапност

Сунак ќе се соочи со пратенички прашања од опозицијата во Лондон

Кабинетот на Сунак е мешавина на сојузници и искусни министри од владите на неговите двајца непосредни претходници, Борис Џонсон и Лиз Трас, додека тој се обидува да се справи со повеќекратните економски проблеми на Британија.

Британскиот премиер Риши Сунак го одржа првиот состанок со неговиот нов Кабинет пред да се соочи со опозицијата во Парламентот, за прв пат како лидер на нацијата.

Еден ден откако Сунак ја презеде функцијата, членовите на неговиот кабинет беа видени како пристигнуваат на Даунинг стрит 10 во средата наутро.

Кабинетот на Сунак е мешавина на сојузници и искусни министри од владите на неговите двајца непосредни претходници, Борис Џонсон и Лиз Трас, додека тој се обидува да се справи со повеќекратните економски проблеми на Британија.

Канцеларијата на Сунак соопшти дека составот „одразува обединета партија“ и има за цел да обезбеди „да има континуитет во срцето на Владата“.

Но, за време на редовната седница на Долниот дом, позната како „Прашања на премиерот“, опозициските политичари се фокусираат на багажот што новите министри го носат од владите на Џонсон - кој поднесе оставка во јули по голем број етички скандали - и Трас, чија влада траеше само седум недели.

XS
SM
MD
LG