Линкови за пристапност

Риши Сунак ја презеде премиерската функција


Новиот британски премиер се сретна со кралот Чарлс во Бакингамската палата, каде што монархот официјално побара од него да формира влада
Новиот британски премиер се сретна со кралот Чарлс во Бакингамската палата, каде што монархот официјално побара од него да формира влада

Риши Сунак денес стана третиот британски премиер годинава, со задача да ја намали економската криза која остави милиони луѓе се борат да ги платат сметките за храна и енергија, објави АП.

Сунак, кој е првиот обоен лидер на Велика Британија, се сретна со кралот Чарлс во Бакингамската палата, каде што монархот официјално побара од новиот лидер на владејачката Конзервативна партија да формира влада, како што е традиција.

Сунак ја зазеде лидерската позиција вчера, од кого се очекува да ја стабилизира економијата што се движи кон рецесија, по краткиот, катастрофален мандат на Лиз Трас.

Нејзиниот пакет нефинансирани даночни намалувања ги заплаши финансиските пазари со изгледите за раст на долгот, ја доведе фунтата на рекордно ниско ниво и ја принуди Банката на Англија да интервенира - слабеејќи ја кревката британска економија, што го урна нејзиниот авторитет во партијата.

42-годишниот Сунак, е најмладиот британски лидер во повеќе од 200 години. Тој го призна обемот на неговиот предизвик, како и скептицизмот на британската јавност вознемирена од состојбата на економијата и уморна од сапунската опера на Конзервативната партија, која смени два премиера за исто толку месеци.

XS
SM
MD
LG