Линкови за пристапност

Риши Сунак ќе биде нов британски премиер


Како лидер на владејачката партија, тој ќе ја преземе функцијата од Лиз Трас, која минатата недела поднесе оставка од премиерската функција по 45 бурни денови
Како лидер на владејачката партија, тој ќе ја преземе функцијата од Лиз Трас, која минатата недела поднесе оставка од премиерската функција по 45 бурни денови

Поранешниот министер за финансии Риши Сунак победи во трката за лидер на Конзервативната партија денес и ќе стане следниот британски премиер, трет оваа година.

Тој ќе биде првиот премиер на Британија со индиско потекло и се соочува со задача да ги стабилизира партијата и земјата во време на економски и политички турбуленции.

Неговата единствена ривалка, Пени Мордонт, се повлече.

Како лидер на владејачката партија, тој ќе ја преземе функцијата од Лиз Трас, која минатата недела поднесе оставка од премиерската функција по 45 бурни денови.

Сунак беше силен фаворит додека владејачката Конзервативна партија бараше стабилност во време на огромни економски предизвици.

Неговата позиција се зајакна откако поранешниот лидер Борис Џонсон се откажа да учествува во трка за лидер на Конзервативната партија.

Сунак изгуби од Трас на последните конзервативни избори, но неговата партија и земјата сега изгледаат желни за безбедни раце за да се справат со зголемените цени на енергијата и храната и претстојната рецесија.

Политичарот ја водеше економијата низ пандемијата на коронавирус, добивајќи пофалби за неговата финансиска поддршка за отпуштените работници и затворените бизниси.

Тој вети „интегритет, професионализам и отчетност“ доколку формира влада.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG