Линкови за пристапност

Лиз Трас поднесе оставка од премиерската функција


Изборите за нов лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела.
Изборите за нов лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела.

Трас заминува поради неуспех на нејзината економска програма која испрати шокови низ пазарите и ја подели дури и нејзината Конзервативна партија само шест недели откако беше назначена, објави Ројтерс.

Изборите за нов лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела.

Зборувајќи пред нејзината канцеларија број 10 на Даунинг стрит во Лондон, Трас прифати дека не може да ги исполни ветувањата што ги дала кога се кандидирала за лидер на конзервативците, бидејќи ја изгубила довербата во својата партија.

„Признавам, иако, со оглед на ситуацијата, не можам да имам резултати во мандатот за кој бев избрана од Конзервативната партија. Затоа разговарав со неговото височество - Кралот за да го известам дека поднесувам оставка како лидер на Конзервативната партија“, рече таа.

„Утрово се сретнав со претседателот на Комитетот Сер Греам Брејди. Се договоривме дека изборите за лидер ќе бидат завршени во текот на следната недела. Тоа ќе осигура одржување на економската стабилност и националната безбедност на нашата земја“, рече Трас.

XS
SM
MD
LG