Линкови за пристапност

Шји Џјинпинг го почнува третиот мандат како лидер на Кина спротивно на традицијата


Кинескиот претседател промовираше сојузници кои ја поддржуваат неговата визија за построга контрола врз општеството и економијата
Кинескиот претседател промовираше сојузници кои ја поддржуваат неговата визија за построга контрола врз општеството и економијата

По 10 години од лидерството на Шји Џјинпинг, изгледите за уште пет години владеење, со нов тим од врвни лидери за кои се верува дека се избрани од него, се критикувани од некои, а добредојдени од други.

„Многу луѓе што ги знам навистина не го сакаат“, рече жителка на Пекинг која сака да биде идентификувана само како Леа.

„Платите се зголемија во изминатите 10 години, но и инфлацијата. Сè стана многу поскапо. Не гледаме многу придобивки од него“.

Леа е разочарана оти Шји планира да ја продолжи тригодишната кинеска политика на нулта ковид, која се смета дека ѝ штети на кинеската економија и придонесува до зголемување на невработеноста кај младите.

„Епидемијата повеќе не е толку сериозна. Другите земји се отворија, но не и Кина“, рече таа.

Некои граѓани, сепак, имаат доверба дека Шји и неговиот нов тим ќе ги решат проблемите што произлегоа од изминатите децении на брз и главно нерегулиран развој на Кина, вклучувајќи ги проблемите со домување и недостатокот на капитални добивки и даноци на имот што го проширија јазот во богатството.

Шји Џјинпинг, најмоќниот кинески лидер во последните децении, ја зголеми својата моќ кога вчера доби уште еден мандат за шеф на владејачката Комунистичка партија спротивно на традицијата, и промовираше сојузници кои ја поддржуваат неговата визија за построга контрола врз општеството и нарушената економија.

Шји, кој ја презеде власта во 2012 година, беше награден со трет петгодишен мандат како генерален секретар, отфрлајќи го партискиот обичај, според кој, неговите претходници заминаа по 10 години. Некои очекуваат 69-годишниот лидер да се обиде да остане на власт доживотно.

Во саботата, претходникот на Шји ненадејно го напушти состанокот на Централниот комитет на партијата, со помошник кој го држеше за рака.

Тоа поттикна прашања за тоа дали Шји ги менува своите овластувања со протерување на други партиски лидери.

Официјалната новинска агенција Шјинхуа подоцна објави дека тој бил во лоша здравствена состојба и оти требало да одмори.

Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG