Линкови за пристапност

Маск ќе продолжи да плаќа за интернетот за Украина


Маск на Твитер напиша дека иако „старлинк“ губи пари тој ќе продолжи да ја поддржува украинската влада бесплатно
Маск на Твитер напиша дека иако „старлинк“ губи пари тој ќе продолжи да ја поддржува украинската влада бесплатно

Илон Маск рече дека неговата ракетна компанија „СпејсЕкс“ ќе продолжи да ја финансира интернет услуга „старлинк“ во Украина, наведувајќи ја потребата од „добри дела“, еден ден откако рече дека повеќе не може да си го дозволи тоа.

Маск на Твитер напиша дека „иако старлинк сè уште губи пари и другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние само ќе продолжиме да ја финансираме украинската влада бесплатно“.

Маск во петокот рече дека „СпејсЕкс“ не може на неодредено време да го финансира „старлинк“ во Украина. Услугата им помогна на цивилите и војската да останат онлајн за време на војната со Русија.

Иако не беше веднаш јасно дали промената на мислењето на Маск е вистинска, тој подоцна се појави да посочи дека е.

Милијардерот беше во онлајн препукување со украинските официјални лица за мировниот план што тој го изнесе, за кој Украина вели дека е премногу дарежлив кон Русија.

Тој ги даде своите петочни забелешки за финансирањето по медиумскиот извештај дека „СпејсЕкс“ побарал од Пентагон да плати за донациите за „старлинк“.

„СпејсЕкс“ не одговори на барањето за коментар. Пентагон одби да коментира.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG