Линкови за пристапност

Бислимовски контра Владата – училиштата, компаниите и комуналните претпријатија да останат на слободниот пазар


Зголемувањето на потрошувачите на регулираниот пазар дополнително ќе ги оптовари капацитетите за производство на ЕСМ како и трошоците кои потоа би се зеле предвид при изготвување на цената на струјата смета првиот регулатор. Неговиот модул е тие да останат на слободниот пазар а струјата да ја набавуваат преку „ЕСМ Продажба“. Поскапување на струјата за домаќинствата по Нова Година не би требало да има ако ЕСМ да го исполни планираното производство

СКОПЈЕ - Училиштата, јавните комунални претпријатија и околу 150 компании од прехрамбениот сектор треба да останат на слободниот пазар а не како што најави Владата да се префрлат на регулираниот бидејќи тоа ќе влијае на конечната цена на струјата која евентуално ја плаќаат домаќинствата од 1 јануари. Ова е ставот на првиот човек на Регулаторната Комисија, Марко Бислимовски, по најавите од Владата дека како антикризни мерки и помош планира да ги префрли овие институции и компании на регулираниот пазар односно под капата на ЕСМ и ЕВН.

Бислимовски е дециден дека на училиштата и компаниите мора да им се помогне но тоа треба да оди преку компанијата „ЕСМ Продажба“ а струјата да ја набауваат по цени исти или пониски од оние на отворениот пазар со што и ЕСМ ќе може да оствари профит.

Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
Марко Бислимовски, претседател на РКЕ

„Треба да го заштитиме ЕСМ. Доколку се вратат на регулираниот пазар, ЕСМ ќе треба да продава на ЕВН струја по цена од 48 евра за мегават час и во тој случај дополнително би ни се направил притисок на цената на електрична енергија бидејќи апсолутниот износ на маржата која е задолжителна и определена на тендер распишан во 2019 година ќе се зголеми до 7 милиони евра “, изјави Бислимовски.

Тој тврди дека доколку тие се префрлат на регулираниот пазар дополнително ќе ја оптоварат компанијата во делот со производство и затоа треба да го разгледаат и прифатат неговиот модул преку „ЕСМ Продажба“ ќе може да се следи случувањата на пазарот и да ја корегира цената која ќе се понуди на овие институции во даден момент.

„Регулаторната комисија за енергетика определува цена и нема да може да ги следи случувањата на пазарот. Доколку тоа се прави преку „ЕСМ Продажба“, ЕСМ може на месечно ниво да ја корегира својата цена која ќе им ја понуди имајќи предвид најавите на Европската комисија дека ќе се воведе лимит на цената на електричната енергија на берзите од компаниите кои не се на природен гас. Тогаш имаме „вин- вин“ ситуација, се обезбедува поголема флексибилност, поголема заработка кај ЕСМ и нема притисок врз цената на домаќинствата заради маржата “, рече Бислимовски

Она што е јасно е дека до 31 декември ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН по цена од 48 евра и домаќинствата и околу 72 илјади компании кои се на регулираниот пазар не да плаќаат поскапо. Дали од Нова година ќе има нова повисока цена зависи од тоа дали ќе се зголеми бројот на корисници на регулираниот пазар како и дали ЕСМ ќе успее да го исполни планираното домашно производство на струја.

„ Ќе направиме сериозна анализа што и како се случува со цените на електрична енергија на регулираниот пазар во државата. Доколку ЕСМ го додржи производството кое го испланирал не верувам дека ќе има потреба од зголемување на цената на електричната енергија“, кажа регулаторот.

Владата како дел од антикризните мерки предложи над 300 основни и средни училишта да се вратат на регулираниот пазар како и сите јавни комунални претпријатија кои се соочуваат со банкрот поради високите суми на сметките за струја како и 150 компании од прехрамбениот сектор.


XS
SM
MD
LG