Линкови за пристапност

Реакции по извештајот на ЕК: отсуство на напредок во справувањето со сивата економија


ЕУ повикува на обединување на сите фактори во општеството – власт, опозиција, невладин и бизнис – сектор, граѓани, се со цел забрзување на реформите.
ЕУ повикува на обединување на сите фактори во општеството – власт, опозиција, невладин и бизнис – сектор, граѓани, се со цел забрзување на реформите.

Ист извештај на Европската комисија, а негово различно толкување - според владата Брисел нотира дека е задржано темпото на напредок, според опозицијата се констатира негрижа за спроведување на реформите, а според граѓанскиот сектор извештајот дава реалистична слика за ситуацијата во земјата со поизразен критичен тон за клучните реформски приоритети. Ден по објавувањето на европскиот репорт различните чинители во општеството излегоа со свое видување на заклучоците.

Реакции по извештајот на ЕК за Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

Вицепремиерот за европски прашања вели дека има иста динамика на напредок или подобрување во 23 од вкупно 43 области и поглавја, додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок.

Ова покажува дека и покрај сите внатрешни, но и надворешни предизвици со кои се соочуваме, сепак имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што треба да биде поттик повеќе за сите нас. Северна Македонија недвосмислено ја потврди стратешката определба кон Унијата, во еден нов геополитички контекст, меѓу другото и со фактот што беше прва земја од регионот која се придружи кон сите осуди, санкции и рестриктивни мерки поврзани со руската агресија на Украина со постигнување на 100 проценти усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Наспроти Маричиќ, опозицијата критикува дека владата го чита извештајот како што и одговара и тврди дека во него се покажува системската негрижа на власта за имплементирање на реформите.

„Главен заклучок на овој Извештај, кој се однесува на работењето на властите, е дека кај Владата во Македонија нема сериозна и суштинска посветеност на реформи. Постои недостаток на одлучни чекори за да се изгради моментум и да се продолжи процесот на преговори со ЕУ. Владата прибегнува кон ад хок иницијативи, кои ги заменуваат системските реформски пристапи.“, оцени Стефан Андоновски, ВМРО-ДПМНЕ.

Од Фајненс тинк, независен и непрофитен институт за економски истражувања и политики, осврнувајќи се на економските аспекти на извештајот на ЕК, анализираат дека во него се нотира „отсуство на напредок во справувањето со сивата економија и дека мерките и стратегиите за подобрување на бизнис опкружувањето не се доволно систематски и конзистентни.“

ЕУ, од своја страна, повикува на обединување на сите фактори во општеството – власт, опозиција, невладин и бизнис – сектор, граѓани, се со цел забрзување на реформите.

„Ова сега е земја која е во процесот на преговори, а тоа носи предизвици и многу можности, но и значи дека има итност во спроведување на реформите и има потреба од засилен динамизам за напредок во реформите.“

Забележливо е дека и во извештајот, но и во денешните и вчерашните настапи европските претставници се доста критични кон отсуството на соработка во рамките на Собранието кое наместо да биде институција за конструктивна дебата и носење квалитетни законски решенија, се претвори во арена на политички кавги и блокади меѓу мнозинството и опозицијата, изјави Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG