Има решителност за реформи, но потребна е нивна имплементација – така накусо може да се сумираат наодите на Европската комисија за ситуацијата во Северна Македонија наведени во извештајот што денеска беше објавен во Брисел.
Како клучни точки каде се очекува дополнителен напредок се наведени судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформа на јавната адмнинистрација – за овие области се заклучува дека е постигната умерена подготвеност.
„Судството демонстрираше посветеност да го заштити интегритетот и независноста, но треба да се забрза спроведувањето на стратегиите за човечки ресурси“, пишува во извештајот. За справувањето со корупцијата се нотира дека „е направен одреден напредок, земјата продолжува да ги консолидира перформансите на истраги, обвиненија и судски процеси за случаи поврзани со корупција на високо ниво“.
„Северна Македонија ја покажа својата решителност и направи сигурен напредок имплементација на ЕУ реформите. Но, земјата мора да ја одржи брзината и да го искористи скрининг-процесот за целосно да го употреби потенцијалот за забрзување на спроведувањето на реформите. Борбата против коруцпијата мора да продолжи и неопходни се натамошни чекори во делот на реформа на јавната адмнинистрација. Северна Македонија направи многу добар напредок во заедничката надворешна и безбедносна политика и целосно се прилагоди на ЕУ позициите во однос на војната во Украина. Со тоа, Северна Македонија ја покажа својата решителност да напредува на ЕУ патот како доверлив партнер“, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Земјата, како што рече Вархеји, во извештајот добива добри оценки за усогласеноста со надворешната политика на Унијата, како и во делот на економските критериуми каде се нотира „добро ниво на подготвеност во создавање функционална пазарна економија.“
Исто така, има пофалби за одржувањето добрососедски односи – се очекува, во добра волја, имплементирање на Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Од друга страна, Брисел, како сериозна забелешка, ја наведува неможноста на владата и опозицијата да се договорат за приоритеите и стратешките цели на земјата.
„Би ги охрабрил владата и опозицијата да седнат и да најдат компромис за геополитичката ориентација на земјата. Иако е јасно, Северна Македонија е дел од НАТО, но сакам да ги видам владата и опозицијата до сорааботуваат кога станува збор за ЕУ приоритетите. Може да се распрваат за многу нешта - за корупција, за организираан криминал, за реформи, но кога станува збор за иднината на земјата, за клучни реформи, тие треба да соработуваат“, рече Илхан Ќучук, известувач на ЕП за Северна Македонија.
Токму тоа се наведува и во репортот на – дека меѓупартиските проблеми и поларизација довеле до забавување на работата на парламентот и задоцнето усвојување на закони. Овој извештај на ЕК за Северна Македонија е прв откако земјата во јули, по речиси 17 годишно чекање, конечно ги отвори преговорите за членство.