Линкови за пристапност

Столтенберг: Приоритет на НАТО е засилување на помошта за воздушната одбрана на Украина


Столтенберг рече дека средбата доаѓа во „клучен момент за нашата безбедност“ со тоа што последните неколку недели ја донесоа „најсериозната ескалација на војната од инвазијата во февруари“.
Столтенберг рече дека средбата доаѓа во „клучен момент за нашата безбедност“ со тоа што последните неколку недели ја донесоа „најсериозната ескалација на војната од инвазијата во февруари“.

Министерот за одбрана на Украина треба да го информира последниот состанок на Контакт групата предводена од САД во Брисел, а министрите за одбрана на НАТО исто така ќе се сретнат за да разговараат за тоа како да ја поддржат Украина во нејзината битка против руската инвазија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за новинарите во средата дека разговорите ќе бидат за тоа како да се „засили поддршката за Украина“ и дека главен приоритет е „повеќе воздушна одбрана за Украина“.

Столтенберг рече дека средбата доаѓа во „клучен момент за нашата безбедност“ со тоа што последните неколку недели ја донесоа „најсериозната ескалација на војната од инвазијата во февруари“. Тој рече дека сојузниците во НАТО испраќаат порака дека се подготвени да ја поддржат Украина „колку што е потребно“. Лидерите на Групата седум големи индустриски нации, кои се состанаа во вторникот на кризна видео-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветија дека „цврсто ќе стојат со Украина, онолку долго колку што е потребно“ откако Русија продолжи со ракетните напади врз украинските градови.

Лидерите на Г-7 во изјавата по виртуелниот состанок рекоа дека го увериле Зеленски дека се „непоколебливи и цврсти во посветеноста да ја обезбедиме поддршката што ѝ е потребна на Украина за да го одржи својот суверенитет и територијален интегритет“.

Тие рекоа дека „недискриминирачките напади на Москва врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство“.

„Ќе бараме одговорност од претседателот Путин и одговорните“, рекоа лидерите на Г-7.

Г-7 го сочинуваат САД, Германија, Британија, Франција, Италија, Канада и Јапонија. Поради тековните закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје, Г-7 повтори дека ќе има „тешки последици“ доколку Москва употреби оружје за масовно уништување, но не имплицира директно воено вмешување во Украина.

XS
SM
MD
LG