СКОПЈЕ – Антикризните мерки опфаќаат околу 100 илјади граѓани од разни категории во период од четири месеци и тоа не е доволно бидејќи помош им е потребна на далеку поголем број на граѓани, смета универзитетскиот професор и финансиски експерт Бранимир Јовановиќ.
За Јовановиќ е пропуст што во антиркизните мерки нема ништо за запирање на галопирачкиот раст на цените на основните прехрамбени продукти и инфлацијата.
Според официјланите статистички податоци 450 илјади граѓани во Северна Македонија се водат како сиромашни, а 70 илјади граѓани како екстремно сиромашни. И тие, но и останатите граѓани, ќе продолжат да тонат во сиромаштија во наредниот кризен период.
„Таа сума од 50 евра месечно е во ред за тие категории на граѓани. Проблемот е што премалку луѓе ќе ја добијат таа помош. Во Северна Македоинија има 450 илјади сиромашни според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Има околу 70 илјади луѓе кои се екстремно сиртомашни и живеат со помалку од 45 денари на ден. Вие сега им давате помош на 40 илјади луѓе, значи не им давате ниту на сите оние кои се во екстремна сиромаштија. Затоа мерката мора да се прошири и да ги опфати барем сите кои се во категоријата на екстремна сиромаштија“, смета Јовановиќ.
Истиот проблем го детектира и кај антикризните мерки наменети за пензионерите. Со нив се опфатени 66 илјади пензионери чии пензии се во висина до 14 илјади денари.
„Три односно шест илјади денари е малку исто како и опфатот“, дециден е Јовановиќ.
Тој ги според антикризните мерки со оние во Австрија каде што рабои и живее во мометов. Имено во Австрија секој четиричлено семејство без разлика на социјалниот статус добива помош од 1.500 евра а тоа државата ја чини 4 милијарди евра.
„Вкупниот пакет наменет за граѓаните тежи 20 милиони евра од вкупно 350 милиони. Тоа е премалку. Северна Македонија не е Австрија и ја нема таа финансиска моќ, но 4 милијарди евра за Австрија поделено со нивниот БДП кој е 40 пати поголем од македонскиот тоа значи дека Владата требала да намети 100 милиони евра за помош на граѓаните. Мислам дека сиромашните ќе продолжат да тонат во сиромаштија и мерките нема да дадат ефект“, вели Јовановиќ
Остуството на конретни мерки за контрола на инфлацијата и справување со растот на цените е пропуст во антикризните мерки.
„Замрзнување односно ограничивање на цените на основните прехрамбрени производи е нешто што мора да го има во антикризните мерки. Инфлацијата достигна речиси 19 отсто што е меѓу највисоките во Европа. Во Северна Македонија растат цените на храна додека секаде во светот се намалуваат. Според индексот на цена на ФАО, цените на храна се намалуваат шест месеци по ред. Она што мора да се направи е да се замрзнат цените на храната како што направија Србија, Албанија и Хрватска. Не е точно дека замрзнувањето на цените ќе доведе до недостиг на храна“, тврди Јовановиќ.
Намалување на расходите, плати и надоместоци во државни компании каде што има високи примања е еден од начините на кои Владата ќе обезбеди пари за антикризните мерки.
„Постојат претпријатија и институции во кои се креираат загуби кои се покриваат од Буџетот. Затоа сметаме дека менаџмент тимовите во тие институции мора да бидат на високо ниво и да ги намалат трошоците на своето работење и да ги зголемат приходите на компаниите кои ги водат. Еден од начините за намалување на трошоци, таму каде што има плати кои се далеку над просекот, сметам дека во услови на вакав криза треба да се намалат а таму каде што приходите не соодвествуваат треба да направат напро да ги зголемат “, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Една од мерките кои ги планира Владата е и задржување на летното сметање на времето.
За лидерот на опзициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пакетот антикризни мерки е лош и е маркетиншки трик за замајување на јавноста дека нешто се прави, додека компаниите затвораат, а стопанството умира. Тој предложи свој сет на антикризни мерки.
„ Предлагаме вишоците мна струја кои што ги произведува АД ЕСМ во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за АД ЕСМ. Според нашите калкулации таа цена нема да надмине вредност од 80 евра за мегават на час. Работодавачите да си одберат кој ден во неделата наместо недела ќе го заменат да биде неработен бидејќи во недела имаме најголеми вишоци и цената на струјата е далеку поевтина од цената на струјата во текот на петте дена од работната недела. Секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, на струја, и изнесува во просек 200 евра за мегават час, половина од разликата да ја преземе државата. Предвидуваме Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи и ќе предложиме интервенција во Законот за личен доход и таа иницијатива ќе ја поднесеме во Собранието, во текот на оваа или следната недела, со кој што ќе се одложи скалестото оданочување. “, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ
Влада вчера го соопшти вториот пакет антикризни мерки тежок 350 милиони евра со кој ќе бидат опфатени 42 илјади грашани од социјалноо загрозените категории и околу 66 илјади пензионери како и микро, малите и средните претпријатија.