Линкови за пристапност

Разговаравме со Макрон за зголемена противвоздушна одбрана, рече Зеленски по нападите на Киев


Смртоносни руски ракетни напади денес го погодија главниот град на Украина, како дел од 75 проектили лансирани врз државата
Смртоносни руски ракетни напади денес го погодија главниот град на Украина, како дел од 75 проектили лансирани врз државата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави оти имал итен разговор со францускиот претседател Емануел Макрон по најновите руски напади врз Украина.

„Разговаравме за зајакнувањето на нашата противвоздушна одбрана, потребата од остра европска и меѓународна реакција, како и зголемен притисок врз Руската Федерација. Франција стои со Украина“, напиша Зеленски на неговиот Твитер профил.

Смртоносни руски ракетни напади денес го погодија главниот град на Украина, како дел од 75 проектили лансирани врз државата.

Киевската полиција соопшти дека повеќето од нападите го погодиле центарот на градот, при што загинале најмалку пет лица, а 12 други се ранети.

Проектили погодилр прометни области, вклучувајќи паркови и туристички места.

XS
SM
MD
LG