Линкови за пристапност

Матвичук, за Нобеловата награда за мир: „Награда за украинскиот народ, кој се бори за слобода во војната со Русија“


Пред сè, ова е награда за целиот украински народ, кој се бори за слобода во оваа војна со Русија и за правото да има демократски избор, за правото да живее и да ја гради земјата.
Пред сè, ова е награда за целиот украински народ, кој се бори за слобода во оваа војна со Русија и за правото да има демократски избор, за правото да живее и да ја гради земјата.

Една од добитниците на Нобеловата награда за мир Олександра Матвичук, претседателката на Центарот за граѓански слободи, во ексклузивна изјава за Гласот на Америка, се осврна за признанието:

„Беше сосема неочекувано за мене и нашиот тим да ја добиеме Нобеловата награда за мир. Сметаме дека тоа не е само награда за нашата работа за човекови права, работата на Центарот за граѓански слободи, што ја правиме во Украина и во целиот регион. Пред сè, ова е награда за целиот украински народ, кој се бори за слобода во оваа војна со Русија и за правото да има демократски избор, за правото да живее и да ја гради земјата, во која се правата на секој човек ќе бидат заштитени, а владата ќе биде одговорна, а полицијата нема да ги задушува мирните студентски демонстрации. Ние, плаќаме прилично висока цена за тоа“, изјави за Гласот на Америка, Олександра Матвичук, претседателка на Центарот за граѓански слободи.

Инаку, Нобеловата награда за мир оваа година им беше доделена на тројца добитници: Алес Бјалијацки, еден од иницијаторите на демократското движење што се појави во Белорусија во средината на 1980-тите, и две групи за човекови права - руската организација „Меморијал“ и украинската организација „Центар за граѓански слободи“.

XS
SM
MD
LG