Обединетите нации велат дека слободата на изразување, собирање и други граѓански и политички права се ограничени во областите окупирани од Русија во Украина, вклучувајќи го и Крим.
Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права го поднесе својот последен извештај за ситуацијата во Украина до Советот за човекови права на ОН.
Според него, постои драматична ескалација на војната во Украина. Тој го документира континуираното раширено уништување на цивилната инфраструктура и цивилни жртви предизвикани од руските напади во населените области со употреба на експлозивно оружје. Русија негираше дека целела цивили.
Набљудувачите на ОН велат дека извештаите за тортура и малтретирање, како и за присилно исчезнување и на цивили и на воени затвореници продолжуваат.
Тие додаваат дека некои прекршувања на човековите права може да претставуваат воени злосторства. Извештајот открива дека цивилите продолжуваат да бидат најголема жртва на насилството.
Во него се документирани 6.114 убиени цивили и повеќе од 9.000 повредени. Сепак, се забележува дека реалните бројки веројатно ќе бидат значително повисоки.