Две недели пред почетокот на грејната сезона Владата сеуште бара од кого да купи гас. Од Владата децидни дека овој енергенс ќе го набават од Србија и во замена ќе испорачуваат струја произведена во ТЕ-ТО. Колку и по која цена нема прецизна информација, а нема ниту договор со ТЕ-ТО за ставње на нивните капацитети во функција на ублажување на енергетската криза. Национализацијата може да ја опфати било која компанија е ставот на владинито кабинет
СКОПЈЕ –ЕСМ доби 18 милиони евра за да набави гас со кој би се обезбедило непречено произивдоство на струја во ТЕ- ТО и во топланите „Исток и „Запад“ а со тоа и парно греење за скопјани но засега нема договор од кого ќе го купи, колкава количина и по која цена. Две недели пред почетокот на грејната сезона, Владата се надева дека ќе постигне договор со Србија а планот е оттаму да нис е испорача гас во замена за струја произведена во „ТЕ- ТО“.
Проценките се дека се потребни 230 милиони метри кубни гас за да има континуирано произвеодство на струја а со тоа и топлинска енергија од почетокот до крајот на сезоната.
Преговорите со официјален Белград сеуште траат.
„Сеуште не е дефинирана цената. Но ако се поведеме од ставот на индустријата дека за нив прифатлива цена е 200 евра имајќи предвид формулата и трошоците за производство на ТЕ-ТО на тој начин ќе биде дефинирата и цената за природниот гас. Природниот гас ќе се испорачува преку постојната врска со Бугарија“, изјави Виктор Андонов советник за енергетика во Владата.
Проблемот е што со „ТЕ-ТО“ која е приватна фирма и е стратешки капацитет како за производство на струја така и за топлинска енергија за над 60 отсто од домаќинствата во Скопје нема договор за соработка. ЕСМ нема договор ниту со фирмата „Адора“, сопственик на двете топлани „Исток“ и „Запад“ а од Владата повторија дека во случај да не се постигне соработка ќе мора да се примени член 33 од Законот за управување со кризи кој предвидува национализација на клучни и стратешки ресурси и капацитети.
Договорот со Бугарија за испорака на струја, пет гигавата дневно наменети за индустријата, е блокиран поради разликата во цената која ја нуди Бугарија а македонските валсти се подгтовени да платата а сеуште не е доставена и понудата од турската државна компанија „Боташ“ за испорака на гас и струја, каде клучен проблем е транспортот односно гасоводот сопственост на руски „Гаспром“ и прекуграничните капацитети и мрежи за испорака на струја.