Линкови за пристапност

Договор или национализација, двете опции на Владата во кризна состојба


Договор според закон за трговски односи или превземање односно националнизација согласно Законот за управување со кризи. Ова се двете опции за БЕГ но и за сите државни и приватни фирми кои се клучни за функционирањето на државата и системот во кризна состојба која во моментов е на сила. Премиерот Ковачевски оптимист гас и струја ќе обезбедиме и ќе донесеме. ЕСМ доби 17,8 милиони евра од Владата за да купи гас и да обезбеди парно греење за скопјани




СКОПЈЕ – Ако не се постигне договор за соработка како оној минатата грејна сезона државата не ја исклучува можноста да го примени членот 33 од Законот за управување со кризи и по примерот на Германија да ги превземе односно национализира клучните капацитети и производители во Северна Македонија. Токму овие две можности стојат пред компанијата БЕГ која остана без лиценца за снабдување на скопјани со парно греење но одбива да ги исполни обврските кон граѓаните. Со овие две можности се соочуваат повеќе приватни или државни компании и установи која се клучни за работа и одржување на системот во кризна состојба а што е предвидено во член 33 од Законот за управување со кризи.

„Во случај ако се запре со вршење на услугите кон граѓаните тогаш има други закони и механизми кои ќе бидат употребени, како оние минатата година кои може да се применат веднаш. Како што е во Германија и во другите држави. Јас сум среќен што ние имаме такви закони. Посебно законот за енегергетика кој е европски закон а тука е и членот 33 од Законот за управување со кризи каде е опишано кои механизми може да ги користи државата и тоа важи за сите компании кои вршат јавна услуга, во овој случај и БЕГ“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Во член 33 од Законот стои дека во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба а на барање на Владата и во договор Центарот за управување со кризи може да се користат и ресурсите на граѓаните и компаниите кои не се од витално значење во кризната состојба.

Во моментов во државата се прегласени две кризни состојби, за енергетика и за топлинска енергија во Град Скопје, кои се на сила до крајот на месецот што значи дека Владата може во секој момент да донесе одлука согласно овој член и закон.

Премиерот Ковачевски нагласи дека државата се обидува да најде гас за ТЕ-ТО по разумна и прифатлива цена, иако официјален договор за соработка сеуште нема. Ковачевски потврди дека преговорите со Бугарија за купопродажба на струја висат а според информациите на „Гласот на Америка“ понудата на труската државна компанија „Боташ“ во која е содржана количината на гас и струја, цената на енергенсите како и начинот и цената на испорака до Северна Македонија сеуште не е доставена до Владата.

„Ние разговараме со сите држави. Со Србија водиме разговори, со Бугарија е малку посложена ситуацијата бидејќи во моментот Бугарија нема Парламент а нивното зкаонодавство е лимитирано во однос на продавање на виштои на електрична енергија со диртектни договори и мора тоа да го прават преку берз. Имаме разговори со Труција и со Грција кои се ззтворени и каде е договорено да нема забрана за испорака на енергенси. Со Турција мислам дека сме на добар пат да обезбедиме базна енергија а со Србија очекуваме одговор бидејќи таму се работи за гас кој би бил користен во когенеративната централа од каде Србија би се снабдувала со дел од електричната енергија прозиведена таму“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот појасни дека средства за купување на енергенси се обезбедени преку билатерални кредитори и ММФ а се разговара и со преставници на финансиски моќни држави од Средниот исток.

Кога станува збор за набавката на гас, неопходен за производство на струја и топлинска енергија министерот Бектеши соопшти дека преговорите со компанијата понудувач пропаднале поради високата цена.

„Понудената цена е 2.500 долари за илјада метри кубни. Да не се користи моментот оти имаме двајца трговци за да се придобие во овој момент. Затоа што понудената цена е поголема од таа од берзите и кон ТЕТО и кон ЕСМ. Берзанската цена денеска е 1.700 долари“, рече решник Бектеши.

Владата на денешната седница му додели 17,8 милиони евра на ЕСМ за купување на гас со кој би се произведувала топлинска енергија за парно греење ан скопјани претстојната грејна сезона.

„Владата одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на град Скопје. Донесена е Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија“, соопштија од Владата.

Минатата грејна сезона и кризна состојба ЕСМ доби и потроши 6 милиони евра за набавка на гас, речиси тројно помалу од сегашната сума, но тогаш цената на овој енергенс беше далеку пониска.

За да може ЕСМ да ги грее скопјани зимава мора да се договори со фирмата „Адора“ сопственик на топланите Исток и Запад и тогаш да ја добие третата лиценца за производство на топлинска енергија. Иако се очекуваше Владата денеска да одлучи дали ќе ги купи топланите или ќе ги земе под закупи тоа не се случи. „Адора“ соти цврсто на стваот декас единствено продажба за сума од 9,2 милиони евра е пфиратливо за нив, Владата пак инсистира на закуп.

Од денеска на мрежата е приклучен и ТЕЦ Неготино кој работи на мазут, со половина капацитет односно еден котел, и ќе произведува околу два гигавати струја дневно. За да бидат постигнат максималниот потенцијал на термоцентралните клучни во производствот на струја треба да проработи и третиот блок во РЕК Битола.

Според Државниот завод за статистика, во јули оваа година, потрошени се вкупно 525 гигавати од кои 82 отсто биле биле произведени од домашни капацитети и за да се задоволни комплетната побарувачка купени се дополнителни 18 отсто односно околу 90 гигавати струја.

XS
SM
MD
LG