Линкови за пристапност

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Киев со порака за зближување на економијата со Украина


European Commission President Von der Leyen delivers state of the European Union address, in Strasbourg
European Commission President Von der Leyen delivers state of the European Union address, in Strasbourg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е домаќин на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на разговорите во Киев, за кои Фон дер Лајен рече дека ќе вклучи „зближување на нашите економии и луѓе додека Украина напредува кон пристапување во ЕУ“.

Украина поднесе апликација за приклучување кон Европската унија кон крајот на февруари, неколку дена откако Русија ја започна својата инвазија. ЕУ ѝ додели на Украина кандидатски статус во јуни.

„Во Киев, за мојата трета посета од почетокот на војната во Русија, толку многу се промени. Украина, сега е кандидат за членство во ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Во Узбекистан, украинскиот конфликт беше на дневен ред на разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Зеленски искористи дел од своето последно ноќно обраќање за да ги критикува руските ракетни напади врз украинскиот град Кривји Рих, за кои рече дека погодиле акумулирана брана без „воена вредност“ од која зависат стотици илјади цивили.

Украинскиот лидер, исто така, рече дека речиси целиот регион Харков во североисточна Украина е „де-окупиран“ откако украинските сили вратија големи области во контраофанзива. Придобивките вклучуваат повторно заземање на градот Изум, каде Зеленски отпатува во средата за да се сретне со војниците и да им се заблагодари за нивните напори. „Украинските сили продолжуваат да ја консолидираат својата контрола врз ново-ослободените области на Харковската област“, соопшти во четвртокот британското Министерство за одбрана. „Руските сили во голема мера се повлекоа од областа западно од реката Оскил“.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG