Линкови за пристапност

Кралот Чарлс првпат како монарх се обрати пред британскиот парламент


Британскиот крал Чарлс денес за првпат се обрати пред двата дома на Парламентот како монарх.

Неговото кратко обраќање пред околу 1.000 пратеници и нивните гости во лондонската Вестминстерска сала дојде откако пратениците изразија сочувство за смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Чарлс и Камила, сопруга на кралот, денес отидоа во Единбург, каде што кралот им се придружи на своите браќа и сестри на поворката при која ковчегот на неговата мајка ќе биде однесен од палатата Холирудхаус, официјалната резиденција на британскиот монарх во Шкотска, во катедралата Сент Гилс.

Ковчегот на кралицата ќе биде изложен во катедралата каде на јавноста ќе ѝ биде дозволено да ѝ оддаде почит.

Кралицата Елизабета Втора почина минатиот четврток на 96 години.

XS
SM
MD
LG