Линкови за пристапност

Последно патување на кралицата Елизабета Втора: Со цвеќиња и аплаузи Британците ѝ оддаваат чест


После шест часа патување низ градовите во Шкотска, поворката пристигна во главниот град Единбург
После шест часа патување низ градовите во Шкотска, поворката пристигна во главниот град Единбург

Последно патување на кралицата Елизабета Втора: Со цвеќиња и аплаузи Британците ѝ оддаваат чест

Со цвеќиња, аплаузи и молк во знак на почит, голем број британски граѓани излегоа на улиците да ѝ оддадат последна чест на кралицата Елизабета Втора, чие тело почна да се транспортира кон Лондон. Поворката со ковчегот, кој е покриен со кралското знаме, денеска тргна од шкотскиот дворец Балморал, каде што таа почина во четвртокот на 96- годишна возраст.

Последното патување на кралицата Елизабета Втора
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:53 0:00

После шест часа патување низ градовите во Шкотска, поворката пристигна во главниот град Единбург.

При поминувањето низ едно од шкотските села, жителите стоеја мирно и со фрлање цвеќиња кон колоната возила ѝ изразуваа последна почит на кралицата, која на британскиот трон се задржа 70 години.

Нејзиниот син ја наследува титулата крал Чарлс Трети. После церемонијата во Лондон, тој денеска ќе биде прогласен за крал и на другите британски територии – Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Погребот на кралицата Елизабета Втора е закажан за 19 септември, во Вестминстерската опатија во Лондон.

XS
SM
MD
LG