Линкови за пристапност

Џон Саливан заминува од функцијата амбасадор на САД во Москва


Неговото заминување се очекуваше оваа есен оти го исполнил вообичаеното време за мандат на американските амбасадори, но било забрзано поради семејни здравствени проблеми, според извори запознаени со ситуацијата
Неговото заминување се очекуваше оваа есен оти го исполнил вообичаеното време за мандат на американските амбасадори, но било забрзано поради семејни здравствени проблеми, според извори запознаени со ситуацијата

Амбасадорот на САД во Русија Џон Саливан го заврши својот мандат во Москва во неделата, по речиси три години дел од администрациите на Трамп и Бајден, и ќе се повлече од долгата кариера во државната служба.

Неговото заминување, кое доаѓа во екот на сè посериозната криза околу руската војна во Украина, како и споровите за притворените Американци во Русија, се очекуваше оваа есен бидејќи го достигна вообичаеното време за мандат на американските амбасадори.

Но, тоа беше забрзано поради семејни здравствени проблеми, според луѓе запознаени со ситуацијата, кои зборуваа под услов да останат анонимни.

„Заминувањето на амбасадорот Саливан е планирано и е дел од нормална дипломатска ротација“, соопшти Стејт департментот, додавајќи: „Тој служеше целосен мандат како амбасадор на САД во Русија, управувајќи со еден од најкритичните билатерални односи во светот во време без преседан“.

Стејт департментот рече дека „САД ќе продолжат недвосмислено да ја осудуваат агресивната војна на Кремљ против Украина и ќе останат цврсти во нашата посветеност за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

Елизабет Руд, заменик-шеф на мисијата во Русија, ќе биде главен американски дипломат во Москва додека наследникот номиниран од претседателот Џо Бајден не го замени Саливан.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG