Американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан во ексклузивно интервју за Гласот на Америка се осврна на случајот на Пол Вилан, Американец обвинет и притворен за шпионажа во Русија, за кого во понеделник московкиот суд треба да ја соопшти пресудата.
„Се надеваме дека тој ќе биде ослободен, бидејќи не видовме докази дека е сторено какво било кривично дело. Но, ако тоа не случај, очекуваме тој да биде осуден во понеделник. Затоа сакам да сум таму. Верувам дека ќе ми се придружат и други амбасадори. Пол е исто така и граѓанин на Канада, Велика Британија и Ирска. Амбасадорите за тие држави исто така ќе бидат во судницата во понеделник“, рече амбасадорот.
Тоа е исмејување на правдата, затоа што тоа е тајно судење со тајни докази. И ако оние што биле вклучени во овој случај, можат да му го сторат на Пол, можат му да го сторат тоа на секој друг, на кој било Американец или Русин.Џон Саливан, амбасадор на САД во Русија
48-годишниот Вилан беше уапсен во Москва на 28 декември 2018 година. Руската разузнавачка служба наведе дека го привеле во момент кога шпионирал, додека тој го отфрли обвинението. САД во повеќе наврати побараа од Русија да го почитува меѓународниот закон и да одржи брзо, праведно и транспарентно судење.
Амбасадорот Саливан во интервјуто за Гласот на Америка уште еднаш укажа дека Вилан не добил можност за праведно и транспарентно судење.
Toj вели дека со овој случај всушност се исмејува правдата. „И од руска страна се покренати случаи за Руси кои сега се наоѓаат во затвор во САД. Но, морав да им укажам дека, да, тие беа осудени на јавни судења како што гарантира Уставот на САД. Пол е лишен од сите овие права во постапката. Значи, тоа е основата на моите изјави во последните неколку месеци дека ова е навистина засрамувачко. Тоа е исмејување на правдата, затоа што тоа е тајно судење со тајни докази. И ако оние што биле вклучени во овој случај, можат да му го сторат на Пол, можат му да го сторат тоа на секој друг, на кој било Американец или Русин“, вели Саливан.
На прашање дали случувањата поврзани со судењето на Вилсон се под влијание на актуелните односи меѓу САД и Русија, амбасадорот одговори: „Не можам и нема да им припишам мотиви на оние што биле вклучени во приведувањето и гонењето на Пол, но ќе кажам две работи. Прво, дека ова е пречка за подобрување на односите меѓу САД и Русија со оглед на начинот на кој е постапувано со Пол. Но, тоа не ме спречи мене или мојата влада да се ангажираме со нашите колеги во руската влада околу сите важни теми за кои треба да продолжиме да зборуваме, вклучувајќи го и случајот на Пол.“
За Гласот на Америка амбасадорот вели дека има уште многу други прашања. „Моја одговорност овде во име на владата на САД и претседателот е да направам се што можам за да ги подобрам односите меѓу САД и Русија. Односите се комплексни. Има многу прашања за кои имаме многу сериозни несогласувања со руската влада. Случајот на Пол е еден од нив. Јас се ангажирав. Знам дека државниот секретар Помпео се ангажираше и други колеги во американската влада се ангажираа во име на Пол со руската влада со Министерството за надворешни работи за да го изнесат јасно нашиот став. И ќе продолжиме да го правиме тоа.“
САД, американскиот народ и народот на Русија имаат векови заедничка интеракција и така ќе продолжат и во иднинаЏон Саливан, Аамбасадор на САД во Русија
Амбасадорот посочува дека овој случај сепак нема да го спречи ангажманот на други важни прашања, вклучително и на оние поврзани со Ковид-19.
„Неодамна имавме уште една испорака на вентилатори од САД во Русија. Ја имав таа чест да бидам на аеродромот овде во Москва кога слета карго-авионот на Воздухопловните сили. Бевме во можност на руската болница да ѝ ги испорачаме овие вентилатори кои ќе спасуваат животи овде во Москва, што е исклучително важно за нас, за САД, за американскиот народ.“
Саливан рече и дека „нашиот однос со Русија ги надминува билатералните односни на една влада со друга. САД, американскиот народ и народот на Русија имаат векови заедничка интеракција и така ќе продолжат и во иднина.“
Facebook Forum