Линкови за пристапност

Бајден ги повика Американците да застанат во одбрана на демократијата во земјата


„Долго време си кажувавме дека американската демократија е загарантирана. Но, тоа не е така. Мора да ја браниме. Заштитете ја. Застанете зад неа“, порача Бајден.
„Долго време си кажувавме дека американската демократија е загарантирана. Но, тоа не е така. Мора да ја браниме. Заштитете ја. Застанете зад неа“, порача Бајден.

САД се на опасен крстопат во својата битка за одржување на демократијата, смета претседателот Џо Бајден и во говорот од Филаделфија во четвртокот вечерта, тој ја префрли вината врз еден човек.

„Нема сомнеж дека Републиканската партија денес е доминирана, водена и заплашена од Доналд Трамп и републиканците на МАГА“, рече Бајден, алудурајќи на предизборниот слоган на Трамп од 2016-та – „Направете ја Америка повторно најважна“.

„И тоа е закана за оваа земја“, рече Бајден и изложи темна слика за визијата на неговите противници за Америка додека зборуваше пред зградата каде што основачите на нацијата пишуваа и дебатираа и за Декларацијата за независност и за Уставот на САД, пред речиси 250 години.

Тој зборуваше 25 минути, а за тоа време, не помалку од 25 пати кажа еден збор: демократија.

Претседателот на САД го употреби зборот демоктатија како меч против републиканците наклонети кон Трамп кои го повторуваат тврдењето на поранешниот претседател дека изборите во 2020 година се украдени; кои работат на сузбивање на излезноста на гласачите во клучните држави; и кои учествуваа во насилниот обид за бунт во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

„Историјата ни кажува дека слепата лојалност кон еден единствен лидер и подготвеноста за вклучување во политичко насилство е фатална за демократијата“, рече тој.

„Долго време си кажувавме дека американската демократија е загарантирана. Но, тоа не е така. Мора да ја браниме. Заштитете ја. Застанете зад неа“, порача Бајден.

Во реакцијата објавена пред говорот на претседателот Бајден, лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, го обвини Бајден за поделеност на нацијата и ги обвини демократите за зголемената инфлација, криминалот и владините трошоци.

XS
SM
MD
LG