Претседателот на САД Џо Бајден е подготвен да разговара за неговите планови за спречување на криминалот за време на посетата на Пенсилванија, каде што демократите и републиканците бараат начини да добијат поддршка за ова прашање пред конгресните избори во ноември.
Тоа е прво од трите патувања на Бајден во претстојната недела, а се случува неколку дена пред поранешниот претседател Доналд Трамп да биде домаќин на својот митинг таму в сабота.
Двете партии работеа заедно во ретки напори да се донесе двопартиска легислатива за безбедност на оружјето претходно оваа година по масакрите во Бафало, Њујорк и Увалде, Тексас, но Бајден постојано вели дека треба да се направи повеќе.
Како американски сенатор, Бајден одигра водечка улога во напорите за контрола на оруужјето.
Извор: АП