Линкови за пристапност

Ни се заканува енергетско цунами, предупредува бизнис-секторот


„Ни се заканува енергетско цунами“ – предупредува бизнис-секторот. Стравувањата на стопанствениците се дека рекордите кои ги руши цената на струјата ќе доведе со огромни последици врз економијата. Проценките се дека во земјава не постои производ или услуга кој може да издржи цена од 600 до 700 евра за мегаватчас. Затоа се бара државата да презем итни мерки.

„Цената на електричната енергија мора да се ограничи на одреден начин, односно до одредено ниво да ја плаќаат компаниите, a над тоа ниво да ја плаќа владата преку фондовите наменети за енергетска кризна состојба. Ваков тип на субвенции постојат во повеќе европски држави. Очекуваме ЕЛЕМ да обезбеди дополнителни кочини на електрична енергија од домашно производство за слободниот пазар и на тој начин да се намали цената на струјата“, рече Трајан Ангелоски , претседател на сојузот на стопански комори на Македонија.

Владата најавува дополнителни „финансиски инјекции“ во енергетскиот сектор во ситуација на „дивеење“ на цените на струјата на светските берзи и прогласувањето енергетска кризна состојба во земјата. Но, и тоа ќе биде удар за државата која до крајот на годинава треба да врати 314 милиони евра долг, а истовремено има проектирано буџетски дефицит од речиси 700 милиони евра. Јасно е дека ќе има нови задолжувања, но се уште не се знае колку и од каде ќе се позајмат пари.

„Веќе имаме еден дел од 100 милиони евра кредит за поддршка на електростопанство со оглед на енергетската криза и во процедура е едно задолжени од 50 милиони евра. Дали ќе издаваме еврообврзница или ќе одиме со други начини на финансирање – се испитуваме, со оглед на ранливоста на финансиските пазари и на високите каматни стапки во изминатиот квартал, и задолжувањето ќе биде од изври кои овозможуваат најголема рочност и најмали камати“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Според последните податоци, јавниот долг на Северна Македонија изнесува 55,4 проценти од бруто домашниот производ. Ова, според владата, се уште претставува ниско задолжување во споредба со регионот и останати европски држави.

XS
SM
MD
LG