Линкови за пристапност

Бајден ја спореди републиканската идеологија со полуфашизам


Републиканците, пак, велат дека демократите ги користат парите на Американците за да купат ентузијазам од нивната политичка база
Републиканците, пак, велат дека демократите ги користат парите на Американците за да купат ентузијазам од нивната политичка база

Претседателот на САД Џо Бајден ги повика демократите „да гласаат за буквално да ја спасат демократијата уште еднаш“, и ја спореди републиканската идеологија со „полуфашизам“, за време на митингот и собирање средства во Мериленд, 75 дена пред конгресните избори во ноември.

Обраќајќи се пред илјадници луѓе во средното училиште Ричард Монтгомери во Роквил, Бајден рече: „Вашето право на избор е на гласачкото ливче оваа година. Социјалното осигурување за кое сте платиле од времето кога сте имале работа е на гласачкото ливче. Безбедноста на вашите деца од огнено насилство е на гласачкото ливче, и тоа не е хипербола, самиот опстанок на нашата планета е на гласачкото ливче. Треба да изберете“, рече Бајден, најгласувајќи дека треба да се избере дали САД ќе бидат земја што оди напред или се враќа назад.

Бајден ги истакна успесите од последниве месеци, како двопартиската акција за контрола на оружјето, инфраструктурата и домашното производство на технологија, до напорите на демократите за справување со климатските промени и трошоците за здравствена заштита,.

Само пред неколку месеци, кога се зголеми инфлацијата, анкетите покажаа опаѓање на рејтингот на Бајден.

Сепак, партијата смета дека е во предност пред претстојните избори во ноември, по реакцијата на глсачите по поништувањето на Роу против Вејд од страна на Врховниот суд.

Републиканците, пак, велат дека „инфлацијата на претседателот Бајден ги уништува работничките семејства, а неговиот одговор е да подари уште повеќе владини пари на елитите со повисоки плати“.

„Демократите буквално ги користат парите на американските работници за да се обидат да си купат ентузијазам од нивната политичка база“, рече лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG