Линкови за пристапност

Бајден на митинг во Мериленд пред конгресните избори во ноември


Бајден пред Белата куќа на 24 август, 2022 година
Бајден пред Белата куќа на 24 август, 2022 година

Според вработени во Белата куќа, овој настан треба да му ја олесни на Бајден, како што велат тие, агресивната сезона на одбрана на неговите политички победи и помагање на кандидатите на неговата партија

Претседателот на САД Џо Бајден денес ќе одржи митинг во предградието на Вашингтон, во Роквил, Мериленд, за да ги засили достигнувањата на демократите 75 дена пред конгресните избори.

Според вработени во Белата куќа, овој настан треба да му ја олесни на Бајден, како што велат тие, агресивната сезона на одбрана на неговите политички победи и помагање на кандидатите на неговата партија.

Бајден се очекува да ги истакне успесите од последниве месеци, како двопартиската акција за контрола на оружјето, инфраструктурата и домашното производство на технологија, до напорите на демократите за справување со климатските промени и трошоците за здравствена заштита,.

Само пред неколку месеци, кога се зголеми инфлацијата, анкетите покажаа опаѓање на рејтингот на Бајден.

Сепак, партијата смета дека е во предност пред претстојните избори во ноември, по реакцијата на глсачите по поништувањето на Роу против Вејд од страна на Врховниот суд.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG