Линкови за пристапност

„Ритам на стихот, ритам на животот“ исконската врска меѓу поезијата и музиката


Струшки вечери на поезијата - 61-во издание
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00

Струшки вечери на поезијата - 61-во издание

Со традиционалното садење на дрво во паркот на поезијата во Струга, вчера во чест на годинешниот добитник на највисокото признание „Златен венец“, јапонскиот поет, 91 годишниот Шунтаро Таникава, почнаа 61-те по ред Струшки вечери на поезијата. Поради неговата старост, тој не е присутен во Струга. Во негово име, наградата ќе ја прими неговиот син, јапонскиот композитор и пијанист Кенсаку Таникава.

Официјалното отварање беше вчера вечер со музичко-поетски перформанс на антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, во изведба на бендот „Пијан Славеј“ и со традиционалното палење на поетскиот оган, а се одржа и манифестацијата „Мередијани“, каде поетите читаа дел од својата поезија.

Во Струга се присутни поети од 24 држави, како и триесеттина домашни поети. Манифестацијата, која ќе трае до 29 август, се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.

XS
SM
MD
LG