Линкови за пристапност

Речиси 1.000 деца убиени или повредени во војната во Украина, вели УНИЦЕФ


1 од 10 училишта во Украина биле оштетени или уништени во војната, соопштија оттаму
1 од 10 училишта во Украина биле оштетени или уништени во војната, соопштија оттаму

Обединетите нации соопштија дека речиси 1.000 украински деца се потврдени убиени или повредени откако Русија ја нападна Украина пред речиси шест месеци.

УНИЦЕФ вчера соопшти дека бројката од најмалку 972 деца жртви е само онаа што е потврдена од Обединетите нации и рече дека вистинската бројка веројатно ќе биде многу поголема.

Најголем дел од жртвите се предизвикани од експлозивно оружје, се вели во изјавата на извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел.

„Уште еднаш, како и во сите војни, непромислените одлуки на возрасните ги ставаат децата во екстремен ризик. Нема вооружени операции од ваков вид што не резултираат со повредување на децата“, напиша таа.

Расел рече дека освен децата кои биле убиени или повредени во насилството, „речиси секое дете во Украина е изложено на длабоко вознемирувачки настани, а оние што бегаат од насилство се изложени на значителен ризик од семејна разделба, насилство, злоупотреба, сексуална експлоатација и трговија со луѓе“.

Таа рече дека почетокот на учебната година во Украина за нешто повеќе од една недела е потсетник за тоа колку децата во земјата изгубиле.

Расел рече дека нејзината агенција проценува дека 1 од 10 училишта во Украина биле оштетени или уништени во војната.

„Сите деца треба да одат на училиште и да учат, вклучително и децата затекнати во итни случаи. Децата во Украина и раселените од оваа војна не се исклучок“, рече таа.

УНИЦЕФ повика на прекин на употребата на експлозивно оружје во населените области, како и напади врз цивилни објекти и инфраструктура.

Украинската влада ја обвини Русија дека намерно напаѓа цивили во Украина, нешто што Москва го негира.

XS
SM
MD
LG