Линкови за пристапност

Бајден вети поголема федерална помош за Кентаки поради поплавите


Бајден минатата недела издаде декларација за голема катастрофа за Кентаки, дозволувајќи им на федералните средства да се користат во напорите за спасување и расчистување.
Бајден минатата недела издаде декларација за голема катастрофа за Кентаки, дозволувајќи им на федералните средства да се користат во напорите за спасување и расчистување.

Американскиот претседател Џо Бајден вети поголема федерална помош за опустошениот источен Кентаки од поплавите што тој ги поврза со климатските промени.

Во големата попладневна жештина, Бајден и првата дама Џил Бајден беше во обиколка со семејствата низ урнатините од нивните домови во руралните југоисточни делови на државата.

Бајден минатата недела издаде декларација за голема катастрофа за Кентаки, дозволувајќи им на федералните средства да се користат во напорите за спасување и расчистување.

President Joe Biden and first lady Jill Biden tour a neighborhood impacted by flooding,
President Joe Biden and first lady Jill Biden tour a neighborhood impacted by flooding,

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби обезбедила повеќе од 3,1 милиони американски долари средства за помош за Кентаки.

Најмалку 37 луѓе загинаа во поплавите откако невремето истури до 26 сантиметри дожд во некои области на источен Кентаки за само 48 часа.

Националната метеоролошка служба предупреди на можноста за нови поплави во Кентаки оваа недела поради потенцијалот за грмотевици до четврток.

Ова е втора посета на Бајден на Кентаки како претседател.

Тој отпатува во државата во декември за да ги види штетите од торнада во кои загинаа 81 лице.

XS
SM
MD
LG