Линкови за пристапност

Бајден во Кентаки по најлошите поплави во историјата на оваа сојузна држава


Претседателот ја прошири федералната помош при катастрофи за Кентаки, осигурувајќи дека ќе ги покрие целосните трошоци за расчистување на штетата
Претседателот ја прошири федералната помош при катастрофи за Кентаки, осигурувајќи дека ќе ги покрие целосните трошоци за расчистување на штетата

Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден се очекува да им се придружат на гувернерот Енди Бешир и неговата сопруга, при средбите со семејствата кои претрпеа штети од бурите како последица на најлошите поплави во историјата на Кентаки, објави Асошиетед прес.

Најмалку 37 луѓе загинаа во невремето минатиот месец. Националната метеоролошка служба вчера соопшти дека поплавите остануваат закана, предупредувајќи на нови грмотевици до четврток.

Денешната посета ќе биде втора за Бајден во оваа сојузна држава, откако претходно ја посети во декември, кога торнада го зафатија Кентаки, убивајќи 77 луѓе.

Бајден ја прошири федералната помош при катастрофи за Кентаки, осигурувајќи дека федералната влада ќе ги покрие целосните трошоци за расчистување на штетата и други итни мерки.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, рече дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби обезбедила повеќе од 3,1 милиони американски долари помош, а стотици спасувачки персонал се распоредени да помогнат.

XS
SM
MD
LG