Линкови за пристапност

Федералните резерви на САД ќе ги зголемат каматните стапки, нов обид против растечката инфлација


Набљудувачите велат дека Централната банка најверојатно ќе објави зголемување на каматните стапки за три четвртини од еден процентен поен.
Набљудувачите велат дека Централната банка најверојатно ќе објави зголемување на каматните стапки за три четвртини од еден процентен поен.

Се очекува Федералните резерви на САД да воведат второ големо зголемување на каматните стапки во обид да се справат против растечката инфлација.

Набљудувачите велат дека Централната банка најверојатно ќе објави зголемување на каматните стапки за три четвртини од еден процентен поен.

Очекуваното зголемување на стапките би било слично на она од минатиот месец - најголем поттик во речиси три децении бидејќи на инфлација во САД се искачи на годишна стапка од 8,6%, највисока во последните 40 години.

Зголемување на цените на бензините во Охајо.
Зголемување на цените на бензините во Охајо.

Економијата на САД забележа зголемена побарувачка за стоки и услуги кај потрошувачите бидејќи глобалната пандемија со Ковид ослабнува. Но, тоа доведе и до зголемување на цената на најчесто користените работи, како што се бензинот, храната и облеката, како и цените на автомобили, апарати и мебел.

Одлуката на Федералните резерви да ја зголеми каматната стапка што ја плаќаат потрошувачите за да позајмуваат пари има за цел да ја намали таквата побарувачка, што може да помогне во намалувањето на цените и да ја врати инфлацијата до посакуваната стапка на Централната банка од 2% годишно - но без да се притисне премногу далеку и предизвикување рецесија, што може да доведе до губење на работни места и поголема економска болка.

Сите три главни американски берзански индекси затворија во вторникот со пад откако гигантот Волмарт ја намали процената за профит и предупреди дека зголемените цени на храната и бензинот ги поттикнуваат потрошувачите да го намалат купувањето на стоки со поскапи цени како електроника и облека.

Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG