Линкови за пристапност

ЕУ и Британија воведоа нови санкции против Русија


Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на својата веб-страница денес објави дека санкциите, кои вклучуваат забрани за патување и замрзнување на имотот, се наметнати на 42 нови лица и ентитети
Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на својата веб-страница денес објави дека санкциите, кои вклучуваат забрани за патување и замрзнување на имотот, се наметнати на 42 нови лица и ентитети

Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) ги проширија санкциите кон Русија поради инвазијата на Украина.

Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на својата веб-страница денес објави дека санкциите, кои вклучуваат забрани за патување и замрзнување на имотот, се наметнати на 42 нови лица и ентитети, вклучително и неколку гувернери на руските региони и премиерот на регионот Доњецк, инсталиран од Кремљ, Виталиј Хоценко.

Во меѓувреме, ЕУ одобри продолжување на санкциите за уште шест месеци, до 31 јануари, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Обединетото Кралство соопшти дека нивниот список го вклучува и Владислав Кузњецов, првиот заменик-претседател на регионот Луганск во источна Украина, кој го држат сепаратистите поддржани од Русија.

„Нема да молчиме и да гледаме како државните актери назначени од Кремљ го потиснуваат народот на Украина или слободите на нивниот народ“, рече министерката за надворешни работи Лиз Трус во изјавата.

„Ќе продолжиме да воведуваме остри санкции за оние кои се обидуваат да ја легитимизираат нелегалната инвазија на Путин додека Украина не преовлада“.

Откако Москва ја започна инвазијата на Украина на 24. февруари, Британија санкционираше повеќе од 1.100 луѓе и над 100 бизниси.

ЕУ воведе шест рунди санкции кон Русија во координација со нејзините западни партнери.

XS
SM
MD
LG