Линкови за пристапност

Пелоси ќе оди во Тајван следниот месец


Посетата на демократската лидерка на Тајван беше одложена во април, откако таа беше позитивна на ковид-19
Посетата на демократската лидерка на Тајван беше одложена во април, откако таа беше позитивна на ковид-19

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД, планира да го посети Тајван следниот месец, во услови на тензија со Кина, објави денес Фајненшл тајмс, цитирајќи шест луѓе запознаени со ова прашање, пренесе Ројтерс.

Пелоси и нејзината делегација ќе ги посетат и Индонезија, Јапонија, Малезија и Сингапур и ќе поминат време на Хаваи во седиштето на американската индо-пацифичка команда, додава весникот.

Меѓутоа, нејзината канцеларија и Стејт департментот на САД не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. До амбасадата на Тајван во САД не можеше веднаш да се дојде.

Посетата на демократската лидерка на Тајван беше одложена во април, откако таа беше позитивна на ковид-19.

Во тоа време, Кина рече дека таквата посета сериозно ќе влијае на кинеско-американските односи.

XS
SM
MD
LG