Линкови за пристапност

Путин прогласи победа во Луганск по повлекувањето на Украина


Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека очекува Русија да ја искористи истата тактика што ја примени за да ја заземе практично целата источна Украина во провинцијата Луганск, додека се обидува да ја контролира провинцијата Доњецк и да ја постигне својата цел да го задржи целиот регион Донбас.

„Битката за Донбас се карактеризира со бавни стапки на напредување и масовно ангажирање на артилерија од страна на Русија, се вели во соопштението на Министерството. „Борбите во Доњецката област речиси сигурно ќе продолжат на овој начин.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во понеделникот во провинцијата Луганск додека украинските војници се повлекоа од последното упориште во градот Лисичанск.

Украина соопшти дека руските сили сега се обидуваат да напредуваат кон Сиверск, Федоривка и Бахмут во регионот Доњецк, кој половина е контролиран од Русија.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во понеделникот му кажал на Путин дека руските сили ја презеле контролата врз Луганск. Путин, пак, вели дека воените единици „кои учествуваа во активни непријателства и постигнаа успех, победа“ во Луганск, „треба да одморат и да ги зголемат своите борбени способности“.

Украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Хаидаи, во понеделникот за Асошиетед прес изјави дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во обид да избегнат да бидат опколени.

„Успеавме да направиме централизирано повлекување и да ги евакуираме сите повредени“, рече Хаидаи. „Ја зедовме назад целата опрема, па до овој момент повлекувањето беше добро организирано.

Хајдаи изјави за новинската агенција Ројтерс дека нема ништо критично во губењето на Лисичанск и дека Украина треба да победи во севкупната војна, а не во борбата за градот.

„Многу боли, но не е губење на војната“, рече тој во понеделникот.

Украинските власти соопштија дека во неделата во рускиот напад на Славјанск загинале шест лица, меѓу кои и едно 9-годишно девојче, а уште 19 лица биле ранети. Краматорск исто така беше гранатиран во неделата.

Брифингот за разузнавање на британското Министерство за одбрана во понеделникот го нарече конфликтот во Донбас „глупав и изнемоштен“ и рече дека веројатно нема да се промени во наредните недели.

Руската армија има огромна предност во огнената моќ, велат воените аналитичари, но нема некоја значајна супериорност во бројот на војници. Украина се надева дека ќе се спротивстави на рускиот напад во Донбас со тековното снабдување со муниција од западните земји, вклучително и од САД.

Зеленски во своето видео обраќање во понеделникот рече дека на неговата земја и е потребна економска помош за да започне обновата, иако борбите продолжуваат.

„Обновата на Украина не е само за она што треба да се направи подоцна по нашата победа, туку и за она што треба да се направи во моментов. Ние мора да го направиме тоа заедно со нашите партнери, со целиот демократски свет“, рече тој.

Претходно во понеделникот, Зеленски зборуваше преку видео на конференција во Лугано, Швајцарија, фокусирајќи се на она што ќе биде потребно за обнова на Украина.

„Реконструкцијата на Украина не е локална задача на една нација“, рече тој.

„Тоа е заедничка задача на целиот демократски свет.

Украинскиот премиер Денис Шмихал на дводневната конференција, која започна во понеделникот, изјави дека закрепнувањето на Украина „веќе се проценува на 750 милијарди долари“.

Исто така во понеделникот, Зеленски се состана со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, кој отпатува за Киев за да покаже поддршка за Украина.

Бах вети дека украинското знаме „ќе се вее високо“ на Игрите во Париз во 2024-та година и рече дека МОК тројно ќе ги зголеми средствата за украинските спортисти за да се осигура дека тие ќе можат да се натпреваруваат.

Зеленски рече дека 89 спортисти и тренери загинале во војната со Русија.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG