Линкови за пристапност

Кетанџи Браун Џексон денес ќе даде заклетва како прва црна судијка на Врховниот суд


Бајден ја номинираше Џексон во февруари, еден месец откако судијата Брејер објави дека ќе се пензионира на крајот на мандатот на Судот
Бајден ја номинираше Џексон во февруари, еден месец откако судијата Брејер објави дека ќе се пензионира на крајот на мандатот на Судот

Речиси три месеци откако беше потврдена нејзината номинација, Кетанџи Браун Џексон официјално станува судијка на Врховниот суд.

Таа денес ќе положи заклетва како 116. судија, откако судијата Стивен Брејер замина во пензија, по речиси 28 години во највисокиот суд во државата.

Џексон, федерален судија од 2013 година, ќе биде првата Афроамериканка што ќе служи како судија на Врховниот суд.

Таа ќе им се придружи на трите жени, судијките Соња Сотомајор, Елена Каган и Ејми Кони Барет. Ова е првпат четири жени да служат заедно во деветчлениот суд.

Бајден ја номинираше Џексон во февруари, еден месец откако Брејер (83) објави дека ќе се пензионира на крајот на мандатот на Судот.

Џексон ќе може веднаш да започне со работа, но Судот веќе го заврши најголемиот дел од работата за до есен, и ќе работи само за итни жалби кои повремено се појавуваат.

Тоа ќе ѝ даде време да се запознае со околу дваесетина случаи кои Судот веќе се согласи да ги разгледува почнувајќи од октомври, како и стотици жалби што ќе се натрупаат во текот на летото.

XS
SM
MD
LG