Сенатот денес ја одобри номинацијата на Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд на САД.
51-годишната судијка на федералниот Апелационен суд ќе биде првата Афроамериканка што ќе служи во Врховниот суд.
Таа, исто така, ќе им се придружи на трите жени кои моментално работат - судијките Соња Сотомајор, Елена Каган и Ејми Кони Барет - што ќе го одбележи првиот пат судот да има четири жени во исто време.
Претседателот Џо Бајден ја номинираше Џексон да го замени пензионираниот судија Стивен Брејер.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес