Линкови за пристапност

Едвардс: Да го свртиме вниманието дека следиме што прават комунистичките режими денес


„Сакаме да се потсетиме и да им оддадеме почит на жртвата на оние кои ги дадоа своите животи во комунизмот. А од црната книга на комунизмот знаеме дека таа бројка, која изгледа речиси неразбирлива, е 100 милиони“, вели Едвардс.
„Сакаме да се потсетиме и да им оддадеме почит на жртвата на оние кои ги дадоа своите животи во комунизмот. А од црната книга на комунизмот знаеме дека таа бројка, која изгледа речиси неразбирлива, е 100 милиони“, вели Едвардс.

Основачот и претседавач со Фондација за сеќавање на жртвите од комунизмот д-р Ли Едвардс во интервју за руската редакција на Гласот на Америка се осврнува за значењето и сеќавањата за прогонот на луѓе во времето на комунизмот.

„Сакаме да се потсетиме ѝ да им оддадеме почит за жртвата на оние кои ги дадоа своите животи во комунизмот. А од црната книга на комунизмот знаеме дека таа бројка, која изгледа речиси неразбирлива, е 100 милиони. Зборуваме за Гулагот во Русија и големиот скок со жртви во времето на Мао Це Тунг. Полињата на смртта на Пол Пот. Таканаречениот Демократски републиканизам на Фидел Кастро во Куба. Над 100 милиони жртви од комунизмот. И затоа рековме, ќе направиме се што можеме, за да ги паметиме“, вели Едвардс.

Тој алармира на комунизмот дека е сè уште со нас, особено со некои случувања во Кина.

„Гледаме што прави кинеската Комунистичка партија повторно, денес, на пример, како геноцидот, што тие го практикуваат против Ујгурците во западна Кина. Затоа, сакавме да го свртиме вниманието дека следиме што прават комунистичките режими, денес“, истакна Едвардс.

Музејот за жртвите од комунизмот, вели тој, може да се сумира дека ќе ја едуцира новата генерација и идните генерации за историјата, идеологијата и наследството на комунизмот.

„Не можете да разговарате за г-дин Владимир Путин освен ако не разберете дека 16 години бил обучуван да биде офицер на КГБ. Така, тој го носи со себе наследството на комунизмот, без разлика дали е спремен да го признае тоа или не“, коментира основачот и претседавач со Фондација за сеќавање на жртвите од комунизмот.

„Комунизмот е псевдо религија која се претставува како псевдо-наука спроведена од политичка елита, а тоа засилено со воена сила и со една политичка партија која го дизајнира и раководи тоа, тогаш имате многу сериозната закана кон основните слободи и човекови права“, наведува Едвардс.

„Нам ни останува само да ја кажеме вистината, целата вистина и ништо друго, освен вистината за комунизмот, додава Едвардс.

XS
SM
MD
LG