Линкови за пристапност

Крвави играчки, портрети од убиени деца: Украинците во Скопје излегоа на протест против руската инвазија


Играчки обоени во црвено, портрети од убиени деца, погребен венец, машина за перење, беа дел од декорот со кој украинските граѓани одржаа протест низ Скопје насочен против руската инвазија врз нивната земја.

Протестот почна кај детското игралиште зад Универзална сала во Скопје, а коешто е изградено како руска донација. Кај игралиштето беа поставени крвави играчки и портрети од деца што ги загубиле животите во гранатирањата цивилни цели во украинските градови.

Поворката потоа се премести пред амбасадата на Руската федерација, каде беа упатени пораки против инвазијата и против рускиот претседател Владимир Путин.

„Денот на Русија е ден на мародерство. Зошто ги праќате вашите војници, зошто доаѓаат да убиваат деца“, праша Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“, обраќајќи се кон амбасадорската зграда.

Тамила Велковска, од украинското здружение, додаде дека Русија е постојан конфликт со други земји.

„Русија сакаше цвеќе за дочек во нашите градови, но доби погребни венци. Ова е почеток на нивниот крај“, истакна Велковска.

Стоп за убивањето деца - украински протест во Скопје против руската инвазија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Од почетокот на инвазијата, околу 1300 Украинци најдоа засолниште во нашата земја. Засега нема посебни законски регулативи со кои тие би станале дел од македонскиот здравствен систем, како и да добијат можности за регуларно вработување.

Војната во Украина трае речиси четири месеци. Според податоците на Обединетите нации, речиси по две деца дневно ги губат животите.

(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG