Линкови за пристапност

Високи одбранбени лидери на САД и Кина ќе се сретнат, во услови на нарушени односи


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе се сретне со својот кинески колега на форумот за одбрана во Сингапур. Средбата ќе биде ретка средба лице в лице меѓу високи американски и кинески претставници. Двете страни можеби нема да најдат многу заеднички јазик во услови на нарушени односи.

Ова е последниот знак за тензиите меѓу САД и Кина: Овие кинески и руски воени авиони прелетаа кон крајот на минатиот месец во близина на воздушниот простор на азиските сојузници на САД додека американскиот претседател Џо Бајден беше на патување во Азија, со цел да се спротивстави на Пекинг.

Војната на Русија во Украина само го продлабочи јазот меѓу САД и Кина.

Иако Кина отворено не ја поддржа руската војна, таа вети поблиски врски, загрижувајќи многумина во Вашингтон.

„Тоа е идентификација на агресивна земја, а САД се загрижени дека Кина слично ќе постапи во однос на Тајван - со брутална сила за да ги постигне своите цели“, рече Џозеф Боско поранешен функционер на Пентагон.

Кина на демократскиот Тајван гледа како на дел од нејзината територија. Се заканува дека ќе го земе со сила.

Бајден вети дека САД ќе го бранат Тајван доколку Кина изврши инвазија, што ги зголемува стравувањата од конфликт на суперсилите.

Тајван ќе биде главен фокус кога Остин ќе се сретне со својот кинески колега во Сингапур оваа недела, иако аналитичарите велат дека средбата веројатно нема да резултира со некаков напредок.

САД и Кина ги зголемија своите демонстрации на воена моќ во регионот околу Тајван. Многу други земји стравуваат дека би можеле да бидат вовлечени во голем конфликт.

„Повеќето во регионот претпочитаат да се прават постепени чекори за намалувањето на тензиите, знаејќи дека не е возможно да се реши толку комплицирано прашање - барем да се најдат некои заеднички точки каде што ќе создадат атмосферата попогодна за разговори“, рече Лим Таи Веи од националниот универзитет во Сингапур.

Постојат области на можна соработка меѓу САД и Кина, како што се климатските промени и севернокорејското нуклеарно прашање, но со оглед на сегашната состојба, просторот за заедничка работа може да е мал.

XS
SM
MD
LG