Линкови за пристапност

Олимпијката Симон Бајлс и други гимнастичарки, бараат повеќе од една милијарда долари оштета од ФБИ


Околу 90-те баратели на оштета ги вклучуваат Билс, Али Рајсман и Мекејла Марони, сите златни олимписки медалистки, според „Менли, Стјуарт и Финалди“, адвокатска фирма од Калифорнија.
Околу 90-те баратели на оштета ги вклучуваат Билс, Али Рајсман и Мекејла Марони, сите златни олимписки медалистки, според „Менли, Стјуарт и Финалди“, адвокатска фирма од Калифорнија.

Поранешните олимписки гимнастичарки, вклучувајќи ја и освојувачката на златни златни, Симон Бајлс, се меѓу десетиците жртви кои бараат повеќе од една милијарда долари од ФБИ оштета затоа што Агенцијата не успеала да го запре спортскиот лекар Лери Насар да ги злоставува, изјавија адвокатите во средата, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, не е спорно дека агентите на ФБИ во 2015-та знаеле дека Насар е обвинуван за малтретирање гимнастичари, но не успеале да дејствуваат, оставајќи му слободен простор да продолжи да таргетира млади жени и девојки повеќе од една година.

„Време е ФБИ да биде повикан на одговорност“, рече Меги Николс, национална шампионка во гимнастика во Оклахома во периодот 2017-2019 година. Според федералниот закон, оваа владина агенција ( ФБИ) има шест месеци да одговори на барањата поднесени во средата. Може да следат тужби, во зависност од одговорот на ФБИ. Одделот за правда во мај соопшти дека нема да покрене кривична пријава против поранешни агенти на ФБИ, кои не успеале брзо да отворат истрага.

Околу 90-те баратели на оштета ги вклучуваат Билс, Али Рајсман и Мекејла Марони, сите златни олимписки медалистки, според „Менли, Стјуарт и Финалди“, адвокатска фирма од Калифорнија.

„Ако ФБИ едноставно ја завршеше својата работа, Насар ќе беше запрен пред да има шанса да злоставува стотици девојки, вклучувајќи ме и мене“, рече поранешната гимнастичарка од Универзитетот во Мичиген, Саманта Рој.

USA Gymnastics со седиште во Индијанаполис обелодени дека на локалните агенти на ФБИ во 2015 година им продочиле дека тројца гимнастичари рекле дека биле нападнати од Насар, тимскиот лекар.

Но, ФБИ не отворил тогаш, формална истрага.

XS
SM
MD
LG